Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во селото Страчинци најавија почеток на изградба на фекална канализација за 170 приклучоци и пречистителна станица.

Првата фаза од проектот вреден над 5 милиони денари треба да заврши за три месеци.

Гази Баба ќе се менува и ќе се гради во периодот што предстои. За 2022 година најавувам низа проекти со цел да ја направиме Гази Баба инфраструктурно развиена и еколошки чиста општина, посочи Стефковски.

Мицкоски истакна дека политичарите треба да ги облечат чизмите и да бидат меѓу народот, бидејќи тоа го промовира ВМРО-ДПМНЕ и новата генерацијата.

Ќе бидеме на терен да ги исполнуваме дадените ветувања, вчера бевме во Кисела Вода, сега во Гази баба. нема да критикуваме повеќе и да бараме изговори. Денеска сме овде во Страчинци. Градоначалникот започнува да го исполнува тоа што е ветено пред изборите, рече Мицкоски.

Проект за фекална канализација вчера беше започнат и во Општина Кисела Вода, во Драчево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.