Вистинското решение за Центар е професорката Наташа Котлар, одмерена и паметна жена со љубов за Центар, со огромна и искрена љубов за Македонија. Во нејзе знаете дека имате поддршка за вашите потреби, човек кој е надвор од секакви пактови со нечесни бизнисмени, без задни намери во политиката, човек кој домаќински ќе управува со вашите пари. Жена со интегритет, жена која има принципи – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на собир во општина Центар.

Мицкоски пред присутните посочи дека Котлар одбрала да се бори кога многумина се повлекле, но и дека покажала дека општина Центар гласа независно, без оглед на тврдењата дека Центар е упориште на власта.

Професорката Котлар одбра да се бори, кога морам да признам многумина се повлекуваа. Така е и денес за Центар, одбра да се бори кога многумина велеа дека е невозможно да се добие довербата зошто Центар бил упориште на власта. Котлар покажа дека Центар гласа независно од се друго. Затоа заокружувањето на бројот 7 за Наташа Котлар и бројот 82 за градот Скопје и Данела Арсовска е добитната комбинација за развојот на општина Центар и Градот Скопје. Така ќе се обезбеди и подобра соработка на советите каде веќе најголем број на советници има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и затоа гласот за Наташа Котлар е глас за средена општина Центар, за нова иднина, промени, проекти и победи – нагласи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.