Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, во присуство на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го означија почетокот на изградбата на 1.100 метри канализациска мрежа во општината.
Голема благодарност до градоначалникот Орце Ѓорѓиевски што почнуваме од Кисела Вода со она кое што беше ветено во предизборието и за времето на кампањата на овие локални избори.
Почнуваме со проекти веднаш, 1.100 метри канализациона мрежа во Кисела Вода.
Продолжуваме со проектите, да покажеме дека Македонија можела поинаку, народот на Македонија заслужува проекти и заслужува напредок! – порача Мицкоски на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.