Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес конференцијата ја објави големата победа на локалните избории. Како што вели тој, ова е победа на хероите и денес се слуша гласот на промените.
Ова е и одговорност, нема да ве разочараваме и изневериме. Се што кажав во кампањава го паметам, рече Мицкоски.
Тој кажа дека партијата води во Македонски Брод, во Аеродром дека водат убедливо.
Во Кисела Вода водиме 2:1, во Сопиште победивме во првиот круг, во Центар и Карпош ќе има втор круг, Бутел победивме, во Гази Баба ја завршивме работата во првиот круг, во Ѓорче Петров имаме убедливо водство, Пехчево втор круг, Виница освоивме во прв круг, Кочани одиме во втор круг, победивме во Петровец, во Илинден исто така победивме, Свети Николе и Карбинци исто така во прв круг имаме победник. Велес исто така имаме наш градоначалник, се само дел од резултатите што ги соопшти Мицкоски на прес-конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.