Пред неколку дена потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кажа дека можеби најголема грешка е Скопје 2014, сега да сме во оваа позиција би ги инвестирале Чебрен и Галиште.

Лидерот на партијата Христијан Мицкоски вели дека ако се зборува за перцепција се согласува со него, но во суштина во тој период од Скопје 2014-та, Македонија била трета по стапка на раст, а во сите земји имало криза.

„Ако зборуваме за перцепција тогаш во право е. Но, ако зборуваме за суштина во тој период имаше финансиска криза, и Македонија беше во првите три земји во Европа по стапката на раст. Перцепцијата на луѓето е дека тоа не им се допадна, и тие тоа го кажаа на избори. И тоа е завршена приказна. И каква е суштината сега? Ние сме последни во стапка на раст. Ние можеме да направиме презентација дека се е перфектно, но суштината е дека граѓаните живеат полошо, нема дисциплина во судстовото, во општеството“, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.