При посетата на ОК Центар, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил напиша:
Општина Центар заслужува подобро и повеќе. Анкетите по изборите покажуваат дека огромното мнозинство се незадоволни поради слабиот животен стандард, недостигот на нови вработувања, слабата економија. Незадоволни се и поради слабата заштита на животната средина, уништеното Водно, гасификацијата која е заглавена од власта, која тапка во место цели 2 години, за да сега го направат истото што требаше да го направат на почетокот кога дојдоа.
Воедно незадовопни се и поради корупцијата која напаѓа, криминалот кој расте, непотизмот и корумпираното судство кое е неправда. И ова незадоволство за овие области е поголемо од оние кои се задоволни во сооднос еден спрема осум. А најнезадоволни се центарци поради тоа што оваа општина е со најзагаден воздух во државата, а пред изборите власта ветуваше алпски чист воздух, наместо тоа добија општина која руши неславни рекорди на скалите за места кои се најзагадени во Светот. Оваа значи дека власта е прочитана, и дека народот знае со какви измамници си има работа. Менаџирањето со буџетот се сведува на методот купи ден помини. Има околу 7 проценти отстапување од она што е предвидено со буџетот, далеку сме од ветените 5 проценти раст на БДП годишно, капитални инвестиции нема, а приходите од кој тој се полни се трошат на тековни активности и расходи, нема проекти, нема мерки, нема активизам. Од друга страна и тоа што ново го ветија не може да го реализираат.
Ветија пониски цени на парното, но тоа го нема и е изоставено во новите законски измени во Собранието. Премиерот не ја говореше вистината кога ветуваше поевтино парно. Затоа ние ќе предложиме намалување на ддв-то од 18 на 5 проценти, но и во периодот што следува ќе предложиме нови проекти и решенија за многу области кои ќе бидат одговор на ова уништување кое го прави оваа власт
.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.