Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг пред граѓаните во општина Ѓорче Петров, зборувајќи за сегашниот градоначалник, Александар Наумоски, изјави дека тој е единствен градоначалник кој околу семејната куќа си направил плочник од дури половина милион евра.

Овој кметот на Ѓорче е познат по тоа што го има најскапиот двор во Европа. Во околината на семејната куќа си направи плочник од половина милион евра и тоа нормално на кредит, а жителите на Ѓорче Петров ќе мора да плаќаат за неговиот двор. Познат е и по тоа што ископа дупка за да гради базен, а на нероден Петко, почна капа да му крои, па вети дека ќе формира пливачки клуб. Кај да е и пливачки капчиња ќе дели, ама базенот остана само празна дупка. Под базенот има скривница од училиштето и таму вода протекува. Ете толку се работници. Но, еве една порака, не ја трупајте скривницата, ќе ви се најде, бидејќи од срамот до каде ја донесовте општината само таму ќе ве собере – истакна Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.