Флипери во Карпош е дел од убавите спомени на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски. Во вечерашното гостување во емисијата „Опуштено“ на Алфа Телевизија, претседателот на опозицијата зборуваше за своето детство, кое како што вели, било исполнето со сите атрибути спорт, излегување, флипери, забави и слично.
– Имав убаво детство, среќно детство со фини дечки и во основното училиште и во средно, мислам стварно беше перфектно. Оние луѓе со кои пораснав беа чесни деца, добри деца кои сега прераснаа во возрасни луѓе секои со свои семејства. Често пати кога ќе се сретнеме се сеќаваме на спомените од тој период, но некако имавме безгрижно детство. Бевме друштво кое многу се сложува. Ако некој ме праша како го поминав тоа детство, можам да кажам прекрасно со сите атрибути спорт, излегување, флипери, забави, дружење, рече тој, признавајќи дека денес нема доволно слободно време за да се гледа со другарите од детство.
Разговорот во „Опуштено“ го започна со науката, со неговите трудови објавени во разни магазини, за факултетот, иновациите. Запрашан дали некој од нив ќе ја продолжи научната приказна во семејството.
– Малиот син не знам, тој е 5 години, не знам како ќе се развива. Поголемиот син Јован, сега се запиша во средното училиште „Орце Николов“ има амбиција, учи доста, посветува многу време на книгите. Од она што сега го гледам амбицијата негова нема да биде поврзана со инженерската наука, повеќе го влече како тетка му и баба му да биде по медицината, но ќе видиме, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.