Зошто му требаа сите овие истурени тешки зборови на градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов врз мене? Затоа што е фатен 100:0 со рацете во медот, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на коментарот на Шилегов дека тој оди на инструкции во Будимпешта, а скопскиот градоначалник по опрема.
На страна емотивните излети на Шилегов, ајде малку за фактите. Зошто невешто се обидува да ја манипулира македонската јавност и скопјани? …, хммм . Знам, еве зошто, на пример моето европско Скопје, сакав како европски Загреб да купи од истиот производител скала со иста должина, обесена на иста каросерија како на пример во европскиот Загреб (слика 1, 2 и 3). Се прашувате која е разликата?
Паааа вака, покрај тоа што Загреб е речиси двојно поголем од Скопје, градот убав наш со Шилегов ја платил нашата противпожарна скала за двојно повеќе од Загреб. Се извинувам ние скопјани ја плативме, истото возило, а некој друг одлучи за поскапа нарачка. Ама очигледно имаме се, но криза немаме, па така градската администрација во Загреб ја платила противпожарната скала со целосна дополнителна опрема за помалку од 800.000 евра (https://ted.europa.eu/udl… ), но ние затоа ќе платиме повеќе од двојно, дури 1.700.000 евра“, напиша Мицкоски.
Тој додаде дека „ќе биде градот убав, нашето Скопје европско, ама прво ќе го ослободиме од нашиот сегашен и уште за кратко градоначалник Петре Шилегов, а потоа ќе го направиме вистинска европска метропола.
Крајот Ви се ближи, криминалците ќе одговараат за секоја кражба и секое расфрлање со народни пари, додаде Мицкоски.
Зошто му требаа сите овие истурени тешки зборови на градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов врз мене (слика 4)?…
Posted by Hristijan Mickoski on Monday, 3 May 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.