Карпош во недела одлучува за својата иднина и може секој да си наоѓа некаква причина, забелешка и критика, но две работи се сигурни кога се работи за Стевчо Јакимовски, првата е дека е голем борец, а втората дека Стевче е голем работник, ова вечерва на завршниот митинг во Карпош го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Стевче е борец целиот свој живот и беше со нас во нашата коалиција кога ни беше многу тешко и кога го напаѓаа и притискаа, тој никогаш не попушти и не се тргна од она во што верува. Дека Стевче е работник, најдобро говорат проектите кој тој ги реализираше за Карпош и секој еден жител на Карпош може да спореди помеѓу работата на Јакимовски и не работата на актуелното раководство на СДСМ. Имаме четири години стагнација, четири години никој не ги слуша потребите на луѓето, четири години Карпош не се развива, освен бетонот кој никнува во некогашните паркови, вели Мицкоски.

Тој додава дека од Карпош, од сите граѓани зависи дали сакаат да имаат градоначалник кој ќе има слух за нив и нивните потреби како што е Стевче Јакимовски или пак ќе имаат втора опција.

-Втората опција сакам да ве предупредам е онаа која не стави камче на камчето минатите четири години, а така ќе биде и следните четири години, вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.