На официјалните профили на град Скопје на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер вчера беа објавени фотографии од нови клупи поставени низ градот, а некој од вработени се потрудил на фотографиите да го намонтира американскиот политичар Берни Сандерс.
Сандерс неделава беше фотографиран како стуткан седи сам за време на инаугурацијата на Џо Бајден за претседател на САД, и набргу потоа социјалните мрежи беа преплавени со илјадници фотомонтажи – Сандерс седнат на разни историски настани како што е конференцијата на Јалта или пак на престолот од Играта на троновите. Но останува прашањето дали вработените во град Скопје имаат до толку слободно време, и дали градот навистина не се соочува со сериозни проблеми како што е загадувањето, за да прават или шират фотомонтажи и да се шегачат на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.