Се шири пожарот на Скопска Црна Гора. Луѓе сами го гаснат огнот за да не го зафати селото Виниче.

Се работи за непристапен предел, а ветерот му помага на огнот да се шири многу брзо, пренесе Макфакс.

Вчера изби пожар над селото Страчинци, на Скопска Црна Гора, каде гореше нискостеблеста шума, а вечерва пожарот го гаснат три противпожарни возила со девет пожарникари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.