Ние преземавме мерки по сите препораки што ни беа дадени, тоа што беше под наша надлежност ние како општина максимално го направивме, тврди градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој од вчера и самиот е во самоизолација поради контакт со заболено лице.

Ние важевме за општина која имаше најмалку заболени, а пред завршувањето на Рамазанските пости имавме само тројца кои само со адреса се водеа во Чаир а не живееја таму. Не би сакал да прејудицирам и да навлегувам во анализи за кои како локална власт немаме ниту ингеренции, ниту пак имаме стручни луѓе кои тоа би го направиле.
Од денешните дијагностицирани со Ковид-19 само 4 или 5 живеат во Чаир, а остантите се во околните општини или населби. Не ја гледам логиката само Чаир да биде затворен. Овој проблем не го решаваме само со Чаир и ако се презема нешто мора тоа да биде направено заеднички за цело Скопје. Чаир е артерија преку која се поврзуваат и две други општини, Бутел и Шуто Оризари до каде сите патишта поминуваат преку Чаир, рече вчера Ганиу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.