Откако екипи на град Скопје почнаа да ја рушат галијата во Вардар, поставена кај хотелот „Холидеј Ин“, со реакција се јави менаџерот на галијата, Жарко Миленковски.
Тој вели дека рушењето се прави незаконски, без донесена судска одлука. Како што истакнува тој, скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, вршел притисок врз Судот, за да нема решение ниту одлука за случајот.
Како што вели Миленкоски, со ваквата незаконска постапка на Шилегов и на град Скопје, се урива инвестиција вредна 1,2 милиони евра, пари што како отштета ќе треба да ги платат граѓаните на Скопје.
Во продолжение целата реакција:
Не е точно дека судската постапка завршила, како што тврди Петре Шилегов. Напротив, истиот врши притисок на Судиите да не донесат никакво решение и ние од Септември стоиме во место.
Првиот Судија се откажа. (поради притисокот од П.Ш.). Другата не сака да донесе никаква одлука веќе четири месеци со што му овозможува на П.Ш. своеволно да прави што сака.
Сега почнавме постапка кај трет Судија и се надеваме конечно ќе биде започнат процесот.
Горното е доволен доказ за вршење притисок на Судството и ако продолжи истиот ќе бидеме принудени да се жалиме до Судот во Стразбург.
Сите докази се во наша корист и ако минатата власт имаше афера „Космос“ тогаш може да се каже дека Петре Шилегов со своето пиратско-противзаконско рушење тукушто ја почна својота афера „Галија“.
Жал ми е што поради незаконското рушење и тврдоглавоста на градоначалникот на Скопје, граѓаните ќе треба да платат над 1.2 милиони евра.
Наместо тие средства да се искористат за подобрување на животот на граѓаните, ќе бидат „фрлени во Вардар“ само и само поради предизборен Пи-Ар.
Има ли поголем Пи-Ар, во овој момент на затегнати македонско-бугарски односи, од решениете да се руши бугарска инвестиција од над 1.2 милиони евра и тоа покажувајќи толкава сила што не се ни чека каква било судска одлука?
Г-дин Шилегов се повикува на „истражување“ кое покажало дека галиите го намалуваат протокот на реката Вардар за 30%.
Постојат докази дека Камениот Мост го намалува протокот за 70%.
Сите ги помниме поплавите а има и слики каде што се гледа дека Скопје се поплавува од Камениот мост.
Следува прашањето, дали и кога Г-дин Петре Шилегов ќе издаде налог за рушење на Камениот Мост во центарот на Скопје?!?
Мора да се стави крај на своеволието и преземање дејствија без Судски Решенија, мора! – се наведува во реакцијата на Миленкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.