Сите идни промени на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје, согласно Законот за определување на имињата на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, предвидено е да се црпат исклучиво од новата надополнета листа со 571 име на, како што велат од Град Скопје, истакнати личности од областа на градското, националното и светското културно и историско наследство, поважни настани од македонската и светската историја, имиња дадени според топоними на градови во земјата и регионот и други имиња.

Меѓу тие истакнати топоними, како дел од македонската историја, е и Нивици, местото кадешто беше потпишан Преспанскиот договор.

Во описот за ова место на листата, стои дека „во селото на 17 јуни 2018 година е потпишан договорот помеѓу Република Грција и Република Cеверна Македонија со чијашто имплементација заврши деценискиот спор меѓу двете соседни држави, околу името „Македонија““.

Големa контроверзија се и неколку од планираните имиња, припадници на Призренска лига и основачи на идејата за Голема Албанија:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.