Со овации, аплауз и пукање беше отворен изборниот штаб на ДУИ во Чаир. При отворањето на штабот за локалните избори пред присутните се обратиле првиот вицепремиер Артан Груби, актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат во Чаир Висар Ганиу и пратеникот, потпретседател на ДУИ и ексградоначалник на општината, Изет Меџити.

Рафалната стрелба била наменета за бурно отпоздравување на поранешниот градоначалник на Чаир, ИИзет Меџити.

Не е првпат на изборни собири или при изборни прослави на ДУИ да се употребува огнено оружје.

Висар Ганиу дојде на граадоначалничкото место во Чаир со пукање, а се пукаше и лани на плоштадот „Скендербег“, кога ДУИ ја прославуваше победата на парламентарните избори во тој дел од градот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.