На плоштадот „Македонија“ денеска на пладне ќе се одржи традиционалната манифестација „Матурска парада 2019“, на која ќе учествуваат околу 1.000 матуранти од Скопје.
На „Матурската парада“ традиционално матурантите танцуваат квадрил. Освен во Скопје, парада на матуранти ќе има и во други градови низ земјава.
Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во државава првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид.
Од Град Скопје најавија присуство на градоначалникот Петре Шилегов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.