Центарци утрово се забудија на зелена улица. Зелена од испаднатите лисја на исечените здрави и долгогодишни дрвја на улицата „Орце Николов“. За реконструкцијата која е во тек градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ вети дека е водена сметка за секое дрво.

Со реконструкцијата на Орце Николов почнуваме да го средуваме сообраќајниот хаос кој го имаме наследено. Ќе се реконструира коловозот со површина од 9.330 метри квадрати. На селектирани локации ќе се изврши подигнување на улицата, односно ќе бидат поставени пет подигнати премини кои ќе служат како легнати полицајци и ќе придонесат кон нормализирање на брзината на движење на возилата. Ќе се воведе паралелно паркирање на ниво на улицата со џебови за паркирање. Во проектирање на улицата водено е сметка за сите дрвја, да не се отстрани ниту едно, а меѓу нив да се организира паркирањето. Коловозната лента ќе се намали на 6 метри, а за сметка на намалувањето ќе се изведат велосипедски патеки во должина од 2.400 метри и пешачки патеки од 2.200 метри, вели градоначалникот Богдановиќ кога го најави амбициозниот проект.

На социјалните мрежи споделени се фотографии од денешниот масакр.

Добредојдовте на новата соголена улица Орце Николов. Се што беше подебело дрво се исече! Многу сакам да ми објасни таа/тој што потпис ставиле на овој масакр. Благодариме Саша Богдановиќ Убаво што 100 пати рековте јавно и ветивте дека “НИТУ ЕДНО дрво на ОРЦЕ НЕМА да се исече”. Еве го резултатот од вашето ветување!!! Добро е да се знае дека зборот не е збор! И ПРОДОЛЖУВААТ ДА СЕЧАТ! ЈА УБИВТЕ улицата и ја бетониравте.
#НАЈДОБРОТО за нашата општина, пишува Жанета Трајковска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.