В петок, 29 ноември, во 17 часот пред Министерството за животна средина е закажан Маршот за чист воздух. Маршот ќе продолжи пред Собрание и Влада.

Време е за радикални промени, за вистинска зелена револуција. Децениска негрижа, нема што не е загадено, девастирано, затруено. Доста ни е чекање, од година во година, бараме реализација, конкретна, брза.

Ако барањата не се исполнат, ќе повикаме на бојкот на изборите. Гласање за политичари кои нудат решенија само на хартија, а резултатите се сегашниве катастрофални состојби, не очекувајте!, велат од О2 иницијатива која обединува бројни организации кои се борат за здрава околина и чист воздух.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.