Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија во Општина Аеродром реагираат на, како што велат, дрското самоволие на градоначалникот Златко Марин и неговиот инструмент – претседателката на Советот на Општината Ивана Цветковиќ, која работи во спротивност на интересот на жителите на општината.
Ти е објаснија дека Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром поднесе предлог за дополнување на предлог на дневниот ред со точка за ослободување на месечните паушали на родителите за градинките на територија на Општина Аеродром со образложение дека истите не работат и нема потреба родителите да се изложуваат на дополнителни финансиски трошоци.
Наместо да се заштити стандардот на граѓаните, Златко Марин сака да печали во услови на корона кризата од родителите кои не користат услуга од градинките во Аеродром.
Цветковиќ како претседател на Совет спротивно на овластувањата и деловникот за работа одбива да се стави оваа точка на дневен ред со што заедно со Златко Марин директно работат на штета на граѓаните на Аеродром.
Истата Ивана Цветковиќ заедно со нејзината сестра за време на владеењето на СДСМ и Заев добија вработување во државната МЕПСО. Токму затоа таа е послушник на штетните насоки на градоначалникот Марин.
Граѓаните треба да знаат дека плаќаат паушал за градинките само поради тоа што Златко Марин одбива да се донесе одлука со која ќе се ослободат од оваа давачка, велат од Советничката група.
Додаваат дека поради ваквото самоволие на градоначалникот Златко Марин, пред сè поради непостапувањето на Претседателката на Советот Ивана Цветковиќ советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до Инспекторатот за локална самоуправа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.