Во населбата Лисиче во скопски Аеродром три дена се копаат темелите за новата џамија, пишува „Курир“, додавајќи дека градоначалникот од СДСМ, Златко Марин, кој вообичаено на големо се фали со проектите, за ова молчи.

Работниците веќе работат на изградбата на џамијата, но најчесто во раните утрински часови или подоцна навечер.

Првичната официјална информација дека СДСМ одобрува градба на џамија во овој дел на Скопје излезе на 30 август 2018 година. На улица „Божин Николов“ во Лисиче, зацртано е и заверено да се гради верски објект-џамија.

 

Граѓаните на општина Аеродром уште тогаш кажаа што мислат за идејата. До пред неколку дена ова беше само уште едно „ветено-нереализирано“ дело на Марин, но ете баш сега, скоро две години по ветувањето и индикативно токму пред избори, темелите се ископаа и градбата почнува.

СДСМ има очајна потреба да им се додворува на Албанците пред избори, факт кој во повеќе наврати го потврди и самиот Зоран Заев и врхушката на партијата. Кога сфатија дека поддршката кај Македонците им е сведена на минимум, а тоа им го покажаа бројните анкети, одлучија да се завртат кон малцинството, пишува „Курир“.

Инаку, акција за изградба на џамија во овој дел на Аеродром имаше во 2013 година, кога 150 мус­ли­ман­ски се­меј­ства од Горно Лисиче доставиле изготвен про­ект до Скоп­ско­то муф­тив­ство. Но, тогашниот градоначалник на општината Ивица Коневски ја отфрли иницијативата.

Има око­лу сто­ти­на гра­ѓа­ни-мус­ли­ма­ни, но ние ра­бо­ти­ме во служ­ба на гра­ѓа­ни­те, а та­му мно­зинс­тво­то се пра­вос­лав­ни. Тие тре­ба да од­лу­чат да­ли има пот­ре­ба од из­град­ба на дру­ги вер­ски об­јек­ти или не. Ние ќе пос­та­пи­ме ка­ко што ќе ре­шат гра­ѓа­ни­те. Во се­кој слу­чај, не сме про­тив из­град­ба на вер­ски об­јек­ти се­ка­де ка­де што има пот­ре­ба, рече тогаш Коневски додавајќи дека во Деталниот урбанистички план во општината не е предвидена локација за изградба на џамија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.