Откако беше објавено дека Општина Аеродром склучила договор со маркетинг агенција вреден 73.000 евра за да ги информира аеродромци, од општината денеска ја известуваат јавноста дека врз основа на јавниот интерес, сукцесивниот Договор со приватната маркетинг-агенција ќе биде преиспитан.
Иницијалната потреба за зајакнување на капацитетите за информирање и едукација на граѓаните ќе биде преиспитана исклучиво врз точно одредување на јавниот интерес и критериумите за одговорни јавни комуникации.
Оттаму додаваат дека граѓаните ќе бидат известени за одлуката и за натамошното постапување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.