Секретарот за меѓународна соработка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бојан Маричиќ денес беше помеѓу жителите на населба Козле од каде порача дека динамиката на реализација на проектите во општина Карпош мора да продолжи, бидејќи од тоа зависи квалитетот на животот на сите карпошани.

Не смее да дозволиме да се вратиме назад, во времето на долгови, узурпација на јавен простор, урбаниот хаос. Мора да продолжиме со темпото на реализација на проекти како последните 4 години, но со уште посилна динамика” – рече Маричиќ.

Според Маричиќ, општина Карпош ги има сите услови да се развива брзо, особено со поддршката од централната власт која според новиот Интервентен план за инвестиции, 8 милијарди евра стратешки насочува кон општините за рамномерен развој, за нови работни места, за младите да останат дома во своите општини.

На средбата беше присутен и кандидатот за градоначалник на општина Карпош Душко Весковски кој  пред присутните ги повтори неговите заложби и најдобрите проекти за Карпош меѓу кои изградба на катна гаража околу комплексот ТЦ Лептокарија, нови градинки, зелени паркови, планска урбанизација и основање младински центар во Карпош.

Затоа карпошани ќе го изберат Најдоброто, бидејќи знаат дека покажавме и докажавме одговорно и транспарентно работење, грижа за сите и затоа масовно ќе го заокружат бројот 12, за Душко Весковски, истакна Маричиќ на крајот на средбата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.