Компанијата „Макстил“ ги демантира наводите на Инспекторат на Град Скопје, дека се тие можниот причинител на загадувањето на водата во Вардар, што предизвика поморна риба.
,,По информациите за загадување на Вардар со отпадни води наши екипи задолжени за заштита на животната средина веднаш излегоа на терен и земени се мостри од влезната и излезната точка на индустриската вода.
Истите се предадени на овластени надворешни лаборатории за испитување, меѓутоа првичните резултати покажуваат дека водата на влез и на излез од „Макстил“ е бистра и без видливи примеси. Веднаш штом ќе ги добиеме резултатите од извршените мерења од акредитираните лаборатории, ќе ја информираме јавноста за истите – стои во соопштението од „Макстил“.
Вчера од инспекторатот известија дека по известувањето за помор на риби во Варадр по течението кај населбата Аеродром, земенисе мостри,но првичните индиции на градските инспектори се дека загадувањето на реката на овој потег е од кругот на поранешна „Железара“. Во координација со надлежните државни инспекции ќе следат вонредени инспекциски контроли во кругот на „Железара“, а одговорните субјекти за ова загадување ќе бидат соодветно санкционирани, соопшти инспекторатт.
Истиот ден, кај Јурумлери е земена мостра од Вардар, бидејќи пак таму реката целосно пожолте, а граѓани го снимија и истекот во реката од каде доаѓа онечистената вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.