Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули денеска преку својот Фејсбук профил информираше дека инцидентот во фабриката „Охис” е целосно саниран и оти нема никаква опасност.
По вчерашните случувања во кругот на „Охис”, денес повторно е направен увид од страна на Државниот инспекторат за животна средина и од Лабораторијата АМБИКОН на Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип, ангажирана од страна на судот, за надзор на процесот и начинот на кој се одвива чистењето. Она што е констатирано е дека инцидентот е саниран, благодарение и на брзата реакција на сите надлежни институции, напиша Макрадули на Фејсбук.
Додава дека откако ќе бидат собрани и обработени податоците од сите релевантни институции, ќе се донесе соодветно решение.
Сакам да ги уверам жителите на Кисела Вода дека не постои никаква опасност, а тоа и го покажуваат и мерењата од страна на Лабораторијата АМБИКОН, направен со PID детектор за органиски испарливи компоненти кој покажа дека нема концентрација на метил акрилат мономер во зоната на објектот, пишува Макрадули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.