Членовите и приврзаниците на движетото „Македонија блокира“ попладне во знак на протест против уставните измени, организираат блокада на повеќе клучни крстосници во центарот на Скопје.

Од здружението информираат дека од 15.30 часот ќе бидат блокирани улиците во центарот на градот, кај зградата на Тифани и Црвен крст, а од 16.30 и улицата Даме Груев и пристапот до Собранието. Сообраќајот ќе биде затворен до 18.00 часот, по што протестот продолжува во Жена парк, спорти, законодавниот дом.

Оттаму бараат разбирање до граѓаните и како што велат дека оваа не го прават за личен или партиски интерес, туку за одбрана на името и идентитетот на македонскиот народ.

Главното барање на „Македонија блокира“ е распуштање на Собранието и распишување на нови избори. Демонстрантите јавно го повикаа и премиерот Заев на јавна дебата организирана од нив на која ќе ги соочат ставовите околу клучните прашања за македонскиот народ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.