25-годишниот Мартин Сиљанов, кој загина во пожарот што изби во сервис за мопеди позади трговскиот центар „Рамстор“, зад себе остави мајка која е инвалид и која живее во трошна барака пред распаѓање. Нејзиниот живот го следат трагедии уште од рана возраст. Како дете била прегазена од војнички камион во Скопје, по што останала инвалид. На 28-декември го загуби својот син Мартин, по што останува да живее во барака во скопската населба Ченто, со својот друг син, но со ограничени примања, објави „Фокус“.

И покрај тоа што е неподвижна до сега не и е одобрена инвалидска пензија. Живее од социјалната помош за куќна нега и од платата на нејзиниот втор син Влатко, кој е пријавен на минималец.

Најголемиот проблем сепак е тоа што немаат вода. Веќе две години не протекла ни капка вода од нивните чешми. Пријателите апелирале, пишувале писма до властите, се обратиле и до јавното претпријатие „Водовод и канализација“, но проблемот останал нерешен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.