На влезот во Старата скопска чаршија има голем број тезги на кои се изложени сувенири, а меѓу нив има и магнети со ликовите на Мајка Тереза, Тито, Сталин, Александар Македонски. Но она што најмногу запрепастува, е фактот дека најбарани се магнетите со ликот на Хитлер.

Продавачите на овие магнети, не сакале да говорат пред камерата на Телма. Речиси и да не биле свесни за последиците. Рамката во која се сместени сите магнети загрижува и открива во која мера човештвото има куса меморија и недостиг на познавање на историските факти, реагираат минувачите.

Во неколку наврати Меморијалниот музеј на Холокаустот реагирал до продавачите дека се глорифицира деструктивна идеологија во светски рамки, во која загинаа над 50 милиони луѓе, меѓу кои 6 милиони Евреи. Бидејќи обидите биле залудни и продажбата на магнети со ликот на Хитлер продолжува Еврејската заедница во Македонија минатата година поднесе иницијатива до Министерството за правда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.