По вчерашните бројки, денес нивото на ПМ 10 честички присутно во воздухот е неверојатно високо.

Имено, во Маџар Маало конкретно синоќа беа измерени 614 микрограми на м/3, додека во Автокоманда се измерени 827.

Нешто помала активност на ПМ 10 честички има во другите градови.

Граѓаните реагираа на социјалните мрежи и бараа надлежните да преземат итни мерки за намалување на аерозагадувањето. Ваквата загаденост може да биде и опасна по здравјето на луѓето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.