Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска заедно со актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник на Бутел, Велимир Смилевски и пратеничката Славјанка Петровска денес на средбата со стопанствениците од индустриската зона Визбегово разговараа за економските политики на Владата предводена од СДСМ, реализираните проекти во општината, но и за потребите на стопанствениците кои ќе станат дел од понудата на СДСМ која го носи најдоброто за секоја сфера.
На средбата Лукаревска ја посочи финансиската поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза
-И во пандемија покажавме како се грижиме за граѓаните. Преку шест пакети економска помош кај граѓаните и фирмите завршија 62 милијарди денари, спасивме 100.000 работни места, помогнавме на десетици илјади компании. Дополнително со ребалансот на Буџетот за 2021 година се обезбедуваат уште 6,8 милијарди денари за економијата, истакна Лукаревска.

-Во Визбегово се гради водоводна мрежа за делот од Индустриска зона, во должина од 7,34 километри, инвестиција вредна 114 милиони денари. Паралелно на тоа во тек е и изградба на канализација во целата Индустриска зона. Ние постојано даваме поддршка кон стопанството, но и поттик фирмите да инвестираат, да ги шират своите капацитети и да постигнат подобар финансиски резултат, а на тој начин ќе се поттикне и целокупната економската активност, рече
Лукаревска.
„Нашата економија денес е стабилна, развојна и се движи во добар правец. Зад тоа стојат официјалните економски показатели, како растот на извозот, раст на индустриското производството, раст на просечната плата но и пад на стапката на невработеност. Денес имаме историска стапка на невработеност од 16 отсто.
Сето ова се показатели кои говорат за успешноста на мерките и политиките кои СДСМ и Владата предводена од СДСМ ги спроведуваат како на централно така и на локално ниво. Затоа велиме дека СДСМ го нуди најдоброто за секого, за секоја општина и затоа СДСМ е на прагот на уште една изборна победа“, порча на крај
Лукаревска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.