Пазарниот инспекторат ќе му издаде решение за забрана за работење до 30 дена на локал во ТЦ „Бисер“ во скопската населба Аеродром каде средношколци синоќа се забавуваа со лоша музика и со пушење наргиле. Никој од присутните не носеше маска и не ги почитуваше протоколите кои се на сила за ковид-19.

Како што пренесува „360 степени“ локалот сè уште не бил регистриран, а било пречекорено и работното време, кое од 1 септември (освен во петок и сабота кога е до 01 часот) е до полноќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.