Пожарот што вчера попладнето избувна на Скопска Црна Гора, кај местото викано Влаин гроб, во село Матејче, утринава е локализиран, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Со пожарот беше зафатена нискотеблеста шума и сува трева, а бил локализиран во 08 часот од екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово и ЈП „Македонски шуми“.
Пожарот вчера вечерта почна да се шири кон селата Никуштак, Виштица и кон Матејче во горниот дел од планинскиот превој, а гаснењето беше отежнато поради ветрот и непристапниот терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.