Жителите од населбата Лисиче втор ден по ред протестираат и блокираа една од крстосниците на бул. „12-та Македонска бригада“ со цел конечно да се реши проблемот со безбедноста и да се постави потребната сообраќајна сигнализација на оваа сообраќајница.

Тие бараат сообраќајна сигнализација која ќе стави крај на брзото возење кое е секојдневние во вечерните часови, а пешаците ќе бидат побезбедни. Жителите велат дека иако се ставени неколку знаци, тие се на несоодветни места и не се прегледни, а поставените вибрациони ленти само ги иритираат возачите да возат побрзо.

Жителите се плашат да ги пуштат сами своите деца на училиште, кое е во непосредна близина на овој булевар, поради тоа што возачите возат пребрзо.

На овој потег статистиката покажува дека за неполни пет години на оваа улица се случиле дури 19 сообраќајки. Една од нив се уште е свежа во сеќавањата на околните жители – на пат за училиште, десетгодишно девојче било прегазено на пешачки, а пред неколку години, исто така мало девојче го загуби животот на овој булевар откако беше прегазено од комбе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.