Сѐ уште се утврдуваат причините за пожарот и настатата штета, но речиси е сигурно дека целосната документација за работењето на претпријатието е изгорена во пожарот. Не можеме а да не се посомневаме во намера, затоа што пожарот во ЈП „Улици и патишта“ Скопје се случува само неколку недели откако Советот на Град Скопје не ги усвои извешаите за финансиското работење на Јавните претпријатија на Градот Скопје, меѓу кои и на ЈП „Улици и патишта“, и откако советниците на Левица поднесоа барање за ревизија во неколку од јавните претпријатија под ингеренции на градот, соопшти партијата.

„Дали се работи за криење на докази за криминални дејства или се работи за расчистување на теренот за никнување на нова зграда на оваа атрактивна локација, или пак се работи за несреќен случај, одговри ќе треба да дадат МВР и Јавното обвинитество.

Апелираме надлежните институции стручно, совесно и брзо да ја спроведат истрагата и да преземат соодветни мерки за расчистување на случајот и за утврдување на вината за настанатиот пожар“, соопшти Левица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.