Сопствениците на расно куче, не можат да си го земат Пабло од „Лајка“ и покрај тоа што имаат ветеринарна книшка за вакцинација, фотографии и видеа и својот миленик.

Петре Шилегов, Тина Петрушевска

Дека успеавте да ги решите сите бездомни кучиња, па сега на ред дојдоа кучињата со сопственици. И тоа пази богати, баш младите и расни кучиња.

Ова не е Том, ова е Пабло, кумот малку утнал работа. Пабло избегал вечерта на Нова год, исплашен од петардите, а сопствениците си го бараат секој можен ден во институцијата со која раководите. Како доказ имаат ветеринарна книшка за вакцинација, фотографии и видеа и својот миленик.

Не им го враќате, иако ве премолеа, им барате 300 евра небаре ко во „Мериот“ да престојувало!

После тоа го прекрстувате и огласувате за вдомување, како да е играчка! Раѓате сомнежи за незаконско работење, кое понатаму секако ќе биде предмет на наш интерес.

ДА – за казни за неодговорно сопствеништво и ДА за задолжително чипирање. И да, апсолутно е потребно да се носи одговорност, но не врз грбот на миленикот!

Вратете им го Пабло на сопствениците, зошто се останато ќе биде нелегална трговија со кучиња!-напиша на својот фејсбук профил вечерва Мери Јордановска.

Петре Шилегов, Тина Петрушевска

Дека успеавте да ги решите сите бездомни кучиња, па сега на ред дојдоа кучињата со…

Posted by Meri Jordanovska on Friday, 29 January 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.