Иако е директно одговорен за зајакнување на безбедноста во општината, градоначалникот Курто Дудуш не превзеде никакви мерки да ја намали паниката и стравот, кој беше евидентен кај жителите на општината Шуто Оризари, како на пример навремено да побара да се зголеми присуството на полицијата иако повеќе од 10 дена од страна на жителите на општината се алармираше заможни киднапирања и постоеше голем страв.

Наместо да си ја врши професионално својата работа за што е платен од страна на граѓаните, градоначалникот Курто Дудуш користи недолични коментари:

Овие од НВО организациите многу гомна јадат, потоа како истите се силни пред своите тастатури, а се пи*ки во нормалниот живот и истите НВО граѓани се најмалку меродавни да коментираат било што во врска со вчерашниот настан, затоа што се истите педери, коментира Дудуш.

Дали ова е став и мислење и на неговата матична партија СДСМ, за невладиниот сектор?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.