Нормално да си купам нов автомобил, нема со магариња да патуваме, вели во изјава за „Макфакс“ Александар Наумоски, градначалникот на Ѓорче Петров.

Автомобилот е произведен во 2010 година и чини 17 илјади евра. Беше 20 илјади евра, па ми ја намалија цената оти беше оштетен кај багажникот. Кога дојдов за градоначалник, не бев на улица најден. Го купив со заштеда, го продадов стариот автомобил и го исплаќам на рати. Автомобилот е увезен од Америка. Па, нема со магариња да одиме, вели Наумоски за „Макфакс“.

Како што вчера објави „Скопје 1“, Наумоски пред 2-3 месеци се поднови со „БМВ Х5“, а кога дојде на функцијата возеше „Пежо 1007“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.