Две институции плаќаме за да ги сервисираат нашите потреби и да ги уредуваат состојбите, а ниту една не се грижи за нашите права. Се молат Град Скопје и ЈП Градски паркинг да го запрат секојдневното тормозење на станарите од ул. Максим Горки, пишува на Фејсбук Софија Куновска, поранешна членка на Советот на Град Скопје.
За да печали Градски паркинг станарите се принудени да живеат во постојан стрес, барајќи со часови паркинг место за своите возила, а неретко и да бидат изложени на закани со насилство.
Едно е јасно како ден:
НЕ МОЖЕ ГРАДСКИ ПАРКИНГ ДА ПЕЧАЛИ ОД НАШИТЕ СТАНАРСКИ ПАРКИНГ МЕСТА А НИЕ ДА НЕМАМЕ КАДЕ ДА ПАРКИРАМЕ.
Има добри примери низ Скопје каде е дозволено паркирање само за резидентите. Ова не е таков случај.
Како функционери сте поставени на места кои треба да ни обезбедат ред и благосостојба, а не да не принудувате секојдневно да се претвораме во ѕверови расправајќи се за паркинг место со соседите, со таксистите, со пајак службата и со оние со дебели вратови кои се спремни да ве здробат за паркинг место. Не може наместо цивилизирано уредени односи проблемите да ги решаваме според тоа кој е повеќе уличар или агресивец.
Патем, целата состојба ескалираше до зовривање по забраната за паркирање на Даме Груев и паркингот зад Домот на гадежници, кога вкупниот притисок се пренасочи и сите коли од таму се префрлија на ова уличе. Друга расправа е колку дозволи за паркирање се издадени под рака а тоа никој не го санкционира.
Ете тоа сакам да ви кажам во очи локалните избори, а се надевам ве интересира. Дека нели вие сте таму во служба на нас граѓаните, пишува Куновска.
Две институции плаќаме за да ги сервисираат нашите потреби и да ги уредуваат состојбите, а ниту една не се грижи за…
Posted by Sofija Kunovska on Tuesday, 9 February 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.