Кривична пријава ќе поднесе град Скопје против фирмата на која вчера ѝ истече солна кисела во кругот на поранешната фабрика Металски завод Тито (МЗТ). По контролата која синоќа ја направиле инспекторите за животна средина од Град Скопје, констатирано било дека фирмата не поседува елаборат за заштита на животна средина.
Иако надлежен за вакви инсталации е Државниот инспекторат за животна средина ние веднаш по пријава на граѓани излеговме на терен. Направен е записник, констатирано е дека се работи за истекување на солна киселина од цистерна, веднаш се преземени итни мерки за спречување на понатамошно истекување. Фирмата работела без дозвола, па затоа ќе поднесеме кривична пријава до Обвинителството. Го повикува Јавното обвинителство сериозно да ја сфати состојбата со животната средина и да почне соодветно да постапува по вакви и слични пријави“, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.