Се чини поранешниот градоначалник Шилегов има кратка меморија. Откако четири години ништо во главниот град не се подобри на поле на борбата со загадениот воздух, денеска тој реши да ја нападне градоначалничката Данела Арсовска, која на функцијата не е ниту два месеци, за проблемот со загадениот воздух.
Истиот тој градоначалник кој на стартот на својот мандат пред четири години, самиот велеше дека проблемот со загадениот воздух не може да се реши за краток период, сега реши својот неуспех да го насмери кон новата градска администрација.
Имено, самиот Шилегов на стартот на својот мандат самиот говореше дека битка за почист воздух мора да ја има. –
Не постои брзо решение на проблемот со амбиенталниот воздух, мора да имаме една сеопфатна борба против загаденоста, на сите фронтови како причинители, каде што се јавуваат причинителите на загаденоста.Тоа ви е затоа ви е затоплувањето на домовите, автомобилскиот сообраќај, градежната или урбаната прашина која се јавува и тука нема простор за импровизација. Можете и тоа го зборував во кампањата, го повторувам и сега, спектакуларен брз резултат не може да има, велеше Шилегов.
Човекот кој четири години имаше шанса да се справи со овој голем проблем на скопјани, денеска реши преку социјалните мрежи да нападне како да не бил на функција да се загрижи за загадениот воздух.
Реакција за овие ставови на Шилегов пристигна од Град Скопје. Оттаму велат дека срамно е поранешниот радоначалник да говори за овој проблем, за кој според резултатите изгледа не презел ништо. Од Градот велат дека Шилегов четири години имал шанса да стори нешто , но наместо конкретни решенија Скопје влезе на врвот на најзагадените градови во светот.
Токму поради тоа, уште на стартот на мандатот на градоначалничката Данела Арсовска се започна со интензивно чистење на дивите депонии, каде што се согоруваше опасен отпад и шут, кој влијае врз загадувањето на воздухот. За прв пат неселективно се изрекуваат драконски казни за загрозување на животот и здравјето на граѓаните. Во моментов се работи на целисходно системско решение од повеќе комплементарни мерки за обезбедување на повисок квалитет на живот и почист воздух, нешто што во изминатите години не беше случај и тоа резултира на континуирано загаден воздух во Скопје, информираат од Град Скопје.
Кога се во прашање проектите за справување со овој голем проблем, Град Скопје веќе започна со целосно чистење на дивите депонии, каде се согорува отпад штетен за здравјето и животот на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.