Кандидатката за градоначалничка на општина Центар, Наташа Котлар, вети дека под нејзино раководство, локалната власт ќе се грижи за сите миленичиња на нејзината територија.
Во соработка со невладините организации за правата на животните, ќе го направиме она што претходните општински раководства не успеаја – ќе изградиме стационар за миленичиња.
– Дополнително, ќе субвенционираме кастрација, стерилизација и микрочип во вредност од 50% од вкупните трошоци;
– Ќе воспоставиме соработка со ветеринари по принцип на ваучер;
– Ќе изградиме нови дополнителни минипаркови за миленици;
– Ќе ја зголемиме соработката со здруженијата кои се занимаваат со заштита на животните;
– Ќе организираме денови на вдомување на животните.
За Центар со душа – порача Котлар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.