Кандидатот за градоначалник на Центар Наташа Котлар денеска со тим од кандидатите за советници ја делеа нивната програма за работа од врата на врата на жителите на Водно. Котлар во својата програма, меѓу другото, ветува и дека ќе ги модернаризира инсталациите, кои наместо да висат по стари дрвени бандери, ќе бидат ставени под земја.

На многу места низ Центар, особено долж улиците „Партение Зографски“ и „50-та Дивизија“ висат безброј кабли на дрвени бандери кои со текот на времето со навалуваат и каблите се на дофат на децата.  Општината ќе побара од сите кабловски провајдери, ЕВН и други институции да се спроведе оваа мерка, заради безбедност, изглед и функционалност на средината, порача Котлар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.