Иновативниот парк ќе биде наменет за младите луѓе, претприемачи кои што имаат иновативни и старт – ап компании и кои се поврзани со своите креативни идеи на современиот пазар, изјави на денешната прес конференција, Наташа Котлар, кандидат за градоначалник на Центар на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа посочи дека при тоа просторот ќе им биде изнајмен во тек на три години без да го плаќаат надоместокот, и тоа ќе го плаќа Општина Центар.

– Овој начин на работење го иницираме за да може младите луѓе со своите иновативни и креативни идеи да се поврзат со научната сфера, работниот процес, бизнисот и со други фактори во бизнисот за да можат да развиваат современи технологии, но исто така да имаат и апликативни проекти. На тој начин тие не само што ќе се поврзуваат со заедницата во својата земја, тие ќе бидат поврзани регионално и пошироко. На тој начин ќе се вмрежува современата технологија, идејата на младите луѓе и нивната креација, вели Котлар.

Таа додаде дека ова е од големо значење бидејќи тие ќе бидат чесни и посветени работници во нашата земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.