Безбедноста на учесниците во сообраќајот, сообено на дечињата и на учениците, за нас е многу важна, порача кандидатката за градоначалник на Општина Центар Наташа Котлар од пред раскрсницата кај училиштето „Кочо Рацин“.

Затоа пред училиштата и градинките ќе воведеме Зона 30, со максимална брзина на возилата од 30 километри на час. Ќе поставиме визички препреки на улиците, визуелна и светлосна сигнализација. Секое училиште за децата од прво до петто одделение ќе има свој редар со жолт елек и знак Стоп, кој ќе може да го сопре сообраќајот кога ќе поминува поголема група на ученици, вели Котлар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.