Како општина која се грижи за младите се обврзуваме на отворање на Младински Хаб.
Ова ќе биде место преку кое Општината ќе го поддржува професионалниот, социјалниот и личниот развој на младите луѓе. Оваа канцеларија ќе биде примарно наменета за градење на вештини при вработување, но воедно ќе се нуди и можност на поврзување на идните работодавачи од граѓанскиот, приватниот и јавниот сектор. Оваа нова програма на Општина Центар ќе вклучува практикантство, туторство и менторство, со цел младите луѓе дополнително да ги развијат своите капацитети, да се поврзат меѓу себе и полесно да се вклучат на пазарот на трудот – објави Наташа Котлар, кандидат за градоначалник на опптина Центар поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.