Ќе бидеме партнери кон чесниот бизнис и ќе го помагаме насекаде и со секакви мерки и средства, вели Наташа Котлар, кандидатка за градоначалничка на скопската општина Центар, поддржна од ВМРО ДПМНЕ и коалцијата.

Локалната власт ќе биде фокусирана на локалниот економски развој и градење партнерство со бизнис секторот за остварување на интересите на граѓаните. За да се оствари повисок економски раст, главниот импулс мора да произлезе од приватниот сектор, затоа што само тој може да создаде продуктивни нови работни места и економска благосостојба на долг рок. Ние ќе бидеме партнери кон чесниот бизнис и ќе го помагаме насекаде и со секакви мерки и средства, вели Котлар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.