Буџетот на општината секогаш мора да се носи со учество на граѓаните, тоа го налага и Законот за локална самоуправа, бидејќи тоа се пари кои во општината одат во страна на граѓаните и затоа тие мора да бидат информирани каде се трошат нивните пари, изјави кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Центар, Наташа Котлар во дебатата на Топ Тема на Телма телевизија.

Котлар изјави дека како и за Буџетот така и за деталните урбанистички планови мора да учествуваат граѓаните, бидејќи во моментов власта измислува разни оправдувања за спроведување на лош детален урбанистички план.

Во однос на животната средина и зеленилото истакна дека зголемувањето на зеленило ќе биде задолжително, а од градоначалникот и советниците ќе зависи како се применува законот за заштита на животната средина и како општината се однесува кон зеленилото.

– Ние се определуваме да го зголемиме зеленилото во Центар по пат на задолжително садење на дрвја, ќе има дрвореди, зелени површини, има плочници кои сега не се искористени и ќе бидат зелена површина, не може повеќе да се изигрува законот, нагласи Котлар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.