Почитувани центарци, од целото мое срце Ви благодарам за поддршката која ми ја пруживте двата круга на локалните избори, напиша на својот фејсбук профил Наташа Котлар.
Освоените 10.160 гласови, не беа доволни за победа на опозицијата во Центар, но претставуваат најдобар изборен резултат изминативе 8 години и се одлична база за се поизвесните предвремени парламентарни избори.
На мојот противкандидат Горан Герасимовски му ја честитам победата и му посакувам добро здравје и многу работа бидејќи на Центар очајно му е потребно подобрување.
На сите Вас кои бевте дел од моите активности, Ви се заблагодарувам и Ви посакувам колку е можно побрзо да го валоризирате овој висок изборен резултат кој го постигнавме во Центар.
Ваша,
Наташа Котлар Трајкова
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.