Дарко Костовски, градоначалникот на скопската општина Бутен денеска беше во посета на Љубанци. Тој вети дека ќе се асфалтираат сите неасфалтирани улички, ќе се постави фекална канализација таму каде што нема, ќе се исчисти коритото на реката, ќе се направат детски игралишта и целосно ќе се реновира игралиштето до црквата Св. Богородица.
Денеска бев во моето драго Љубанци, заедно со моите соработници направивме убава прошетка и поразговаравме со мештаните.
Проблемот со водата овде е приоритет и заедно со градот Скопје мора квалитетно и трајно да се реши !
Љубанци беше целосно заборавено во последните четири години, затоа давам збор дека за време на мојот мандат општина Бутел ќе биде вистински партнер на ова убаво село.
Ќе ги асфалтираме сите неасфалтирани улички, ќе поставиме фекална канализација таму каде што нема, ќе го исчистиме коритото на реката, ќе направиме детски игралишта и целосно ќе го реновираме игралиштето до црквата Св. Богородица.
Осветлувањето веќе го средивме, хигиената значително ќе се подобри, Љубанци мора да го добие заслужениот третман, објави Костовки на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.