Кога веќе ништо добро не направи за општина Бутел, немој да го уништуваш и тоа што го имаме, му порача пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски, на градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски

Како што напиша Костовски на Фејсбук, Велимир Смилевски, „градоначалникот“ во обид или уште попрецизно градоначалникот во заминување, веројатно сака од општина Бутел да направи бучна и бетонска општина слична на онаа каде што тој живее, општина Центар.

Тоа што не живееш во општина Бутел не значи дека до толку треба да им бидеш душман на граѓаните, не значи дека од оваа мирна и општина со маалски живот, во спрега со урбаната мафија, треба да направиш општина со чирови на секој ќош и драстично да го нарушиш мирниот живот. И така имаш уште неколку месеци како градоначалник во обид, земи реализирај бар еден од проектите кои ги вети за да не бидеш до толку ужасен градоначалник во обид. Стана градоначалник ветувајки: Поликлиника, полициска станица, пожарна, градинки, водоводи, плоштади, паркови, гасификација, спортски центри, но од тоа ништо и за жал ќе ни оставиш само мегаломански високи згради на секој ќош од општина Бутел – вели Костовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.